Пораката е наменета пред се кон општата меѓународна заедница дека во моментов поголем проблем за Македонија е криминалот и корупцијата, а не уставните измени и тоа не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ го откри и промовира тоа го кажува холандскиот амбасадор, европскиот амбасадор итн. Како со пријателски земји секако ги повториме нашите позиции дека опозицијата ВМРО-ДПМНЕ направи максимум што може да направи во една година каде даде три предлози а власта е таа која покажа никаква конструктивност и отстапка од своите почетни позиции, а ВМРО-ДПМНЕ ниту било консултирано ниту би се согласила со тие работи“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.

Тој додаде дека проблемите се што кога еднашка ќе почне да се попушта и да се покажува дека сте послабата страна тогаш секогаш решенијата ќе биде на ваш грб и на ваша штета

„Бараме мала промена во реториката што ја имаат нивните политичари и бараме да здруженијата на Македонците во Бугарија бидат слободно регистрирани. Ние не бараме да отстапи Бугарија од тој услов, туку бараме Бугарија да покаже дека таа промена ќе биде во атмосфера на една добра волја а не диктат“, кажа Клековски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е против Бугари во Уставот како што не е против Хрвати во Уставот, туку прашањето е дека ова барање е под уцени и диктат.

„Во ВМРО-ДПМНЕ во моментов се разговара само за избори. Ние бевме максимално конструктивни кон власта и неколку пати излеговме со конкретни предлози кои нудеа можност за разрешница за уставните измени. Очигледно дека власта не е цел да ги донесе уставните измени, таа ги користи уставните измени за уште еден ден повеќе да остане на власт“, потенцираше Клековски.

Тој заклучи дека единствената логика на СДСМ и ДУИ посебно ДУИ е тоа што се надева дека ВМРО-ДПМНЕ на било кој начин да глас за уставни измени иако тоа нема да се случи и на тој начин дека ќе му падне рејтингот.