За осум дена, колку што трае руската инвазија врз Украина, загинаа 28 деца, а 64 се ранети во руските напади.
Информацијата ја соопшти Дарија Херасимчук, советничка на украинскиот претседател за правата на децата и рехабилитација, јави Укринформ.
– Уништени се породилишта, градинки, училишта. Околу еден и пол милион деца, останаа во области погодени од гранатирање и под опсада, вклучувајќи сирачиња и млади со попреченост на кои им е потребна итна помош, појасни Херасимчук.
На 24 февруари, рускиот претседател, Владимир Путин ѝ објави војна на Украина и започна инвазија од големи размери.
Во земјата беше воведена воена состојба, се најави и општа мобилизација.
Украина поднесе тужба против Руската Федерација до Кривичниот суд на ОН во Хаг.