Нападот се случил во неделата вечерта во предградие на Далас и бил снимен од надзорна видео камера на бензинска пумпа.
Според полицијата, мажот, чиј идентитет не се соопштува, излегол од комбе, влегол во продавницата на бензинската пумпа и отворил оган.
Тој потоа се вратил во комбето и побегнал, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот застрелал четири лица, убил тројца и тешко повредил еден човек.
Полицијата соопшти дека се уште трага по убиецот.