Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на почетокот на февруари надмина 50.000, изјави денеска директорот на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, Јунус Сезер.
Тој во обраќањето пред турскиот Парламент прецизираше дека загинале 50.096 лица, а повредени се 107.204 лица. Земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погодија јужна Турција на 6 февруари.