Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска присуствува на доделување клучеви од нова зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.
Како што најавија од владината прес-служба, исто така во Општина Кочани ќе се пушти во употреба и градинка.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, веднаш по доделувањето на клучевите од новата зграда за социјално ранливи семејства на ул.„13 Бригада“ населба Драчевиќ, Општина Кочани.