Започна погребната миса за папата Франциск

Во срцето на Ватикан, на плоштадот Свети Петар, утрово точно во 10 часот започна погребната миса за папата Франциск, кој почина во понеделникот на 88-годишна возраст. Светата миса ја води кардиналот Џовани Батиста Ре, исполнувајќи ја последната желба на папата – достоинствено, скромно и без раскош.

Сите патишта водат кон Рим: Денеска е погребот на папата Франциск

Под засилени безбедносни мерки, церемонијата се одвива во длабока тишина и молитва. Илјадници верници од целиот свет се собраа да му оддадат последна почит, а повеќе од 50.000 луѓе веќе поминаа покрај неговиот ковчег.

Присутни се бројни државници и светски лидери

Присутни се бројни државници и светски лидери – Доналд и Меланија Трамп, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони.

Светот се простува од папата Франциск: Почина на 88-годишна возраст

Ковчегот на папата, изработен од обично дрво, е симбол на неговата скромност и длабока духовност. По завршувањето на мисата, ќе биде пренесен во базиликата Санта Марија Маџоре, каде ќе биде погребан, според неговата волја, под едноставна плоча со натпис „Franciscus“.

Папата е една од личностите кои го одбележаа овој век

Денес, светот се простува со духовен водач кој го обележа 21-от век со пораките на мир, хуманост и надеж.

За ликот и делото на папата Франциск разговаравме и во студиото на Радио Лидер.

(ВИДЕО) ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ПОЧИВА ПОКРАЈ МАКЕДОНСКАТА ПЛОЧА – еве како бил повикан од претседателот Иванов!