Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а главниот настан се одржува во центарот на Скопје. Кај мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, ќе почне „Водосветот“, а потоа околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан ќе го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.