Во Белград денеска се одржуваат големи студентски протести – 15 за 15.

Протестите се одржуваат веќе неколку месеци поради трагедијата што се случи во Нови Сад на почетокот на ноември минатата година. Загинаа 15 српски државјани поради уривање на настрешница на Железничката станица.

Оттогаш, студентите, а заедно со нив и другите граѓани, бараат властите да ги санкционираат одговорните. Бараат да се  обезбеди пристап до документацијата за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Голем број луѓе се во центарот на Белград. Студентите кои синоќа од различни правци во српската престолнина пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на пречекот биле уапсени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир.  Оштетени се голем број трактори во близина на паркот Пионер, во кои се сместени „студенти“ кои „сакаат да учат“. Всушност тоа биле луѓе организирани од владејачкиот режим за да дејствуваат како контрагрупа на вистински протести. Иако од вчера пристигнуваат студенти и други граѓани од различни делови на Белград, протестот официјално започна во 16 часот и е најголемиот собир во поновата историја на Србија.

Јавниот превоз во Белград беше во прекин нешто по 9 часот, наводно од безбедносни причини.

„Мораме да бидеме заедно, ова е народна борба и треба да ја вратиме државата на народот. „Денеска ја браниме нашата чест и сето она што со години се обидуваа да ни го украдат“, изјави денеска студентка за N1.

Поддршка на колегите во Србија денеска по трет пат им ја покажаа и студентите во Бања Лука кои порачаа дека нема да бидат само неми набљудувачи, а бројни граѓани од различни делови на оваа соседна земја, но и од целиот регион и светот денеска се упатија кон Белград.

Протестите во Србија можете да ги следите во живо на N1 на овој ЛИНК