Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата.
Демонстрантите ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре.
Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки.