Надлежните годинава подготвени ги дочекаа снежните наноси.
Видеото кое ни доаѓа од Леуново и Никифорово, покажува дека надлежните служби навремено го чистат патот и снежните наноси. Како што се гледа од видеото патот е прооден за сообраќај.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци…
На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема (ланци). На планинскиот премоин Ѓавато има магла со видливост од 200м.