Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ќе го отвори 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Скопје.

На отворањето ќе се обратат и министерот за надворешни работи и актуелен Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.

Во рамки на Министерскиот совет ќе биде потпишана Декларација за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација од страна на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Бујар Османи, Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ и Игли Хасани.

Покрај тоа, ќе се одржат и настани посветени на обезбедување на одговорност и враќање на притворените украински цивили, како и адресирање на влијанието од климатските промени врз безбедноста на луѓето.