Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божиќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Како што е најавено, по завршувањето на свечена божествена литургија по повод на Христовото раѓање – Божиќ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во 10 часот ќе даде изјава за медиуми.