ВМРО-ДПМНЕ преку покана за медиумите информира дека лидерот на партијата денеска ќе биде во работна посета на општината Бутел.
„Почитувани, Ве известуваме дека денес (20.07.2022) во 12:30 часот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежни активности на „Улица 20“, општина Бутел“, информираат од партијата.
По завршувањето на настанот изјава за медиуми ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.