Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во 12 часот го почна обраќањето  пред пратениците.

Според најавите, се очекува годишното обраќање на Пендаровски да го проследат претставници на владата, разни институции, меѓународната заедница…

Инаку, оваа седница завршува со обраќањето на шефот на државата и не е дозволена расправа, така што политичките партии своите коментари за говорот традиционално ги даваат по седницата во прес-центарот на Собранието.