Мерки кои треба да ги превземе централната власт, политики кои ќе придонесат за драстично подобрување на животот на граѓаните. Нов концепт кој е дел од Македонија за сите луѓе, а кој го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденот на партијата.

-Нашиот слоган е „Македонија за сите луѓе“. Оваа нова политичка стратегија ќе ја оствариме преку нашите политики, кои ќе ги објаснуваме и соопштуваме. ПОЛИТИКИ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ. Ќе зборуваме кои ќе бидат темелите за нашите решенија кои ќе ги понудиме. Кои се основните принципи преку кои ќе ја закрепнеме економијата. Дека мора да завладее правото за да имаме економија, дека потребна е реална поддршка на иновациите, малиот и среден бизнис. Да инвестираме во know-how, да правиме ефективна и ефикасна соработка со бизнис заедницата во интерес на сите граѓани нормално, да се бориме за секое едно работно место и да создадеме десетици илјади нови работни места. Вештачката интелигенција, роботиката, трансферот на знаење, тоа се патриотите на 21-от век, изјави тогаш Мицкоски.

Настанот следете го во живо на линкот во продолжение: