„Коалицијата за Европска Македонија“ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски имаат „голем“ митинг пред ЕУ инфо центарот во Скопје.

Митингот започна со интонирање на националната химна, а на митингот свои браќања ќе имаат неколку лица. Прв гостин е Стефан Левен кој е претседател на Партијата на европски социјалисти. Освен гостинот, ќе се обрати и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Кратко обраќање ќе имаат и носителите како и коносителите на изборните листи на СДСМ и Коалиција која се декларира како европска.

И покрај најавената масовност, на митингот на ВМРО-ДПМНЕ имаше многу повеќе народ и поголем одзив. Повеќе погледнете во продолжение: