Денеска 10.10.2023 година (вторник), ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општините Ново Село, Босилово и Василево.

Во 12:30 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности на асфалтирање на улица во населено место Борисово, општина Ново Село.

Веднаш по завршувањето на увидот, изјава за медиуми ќе даде Мицкоски.

Понатаму,Мицкоски продолжува на средба со младите од овој регион кој е најголем по бројот на иселени млади, а ќе изврши и увид на изградба на Одводен канал во општина Босилово, проект финансиран преку ИПА.

Во село Родово во општина Босилово, Мицкоски ќе оствари средба со земјоделците.

Потоа, во Нова Маала Мицкоски, ќе присуствува на пуштање во употреба на изградено плато пред Домот на културата во општина Василево.

Тој ќе изврши увид во ООУ „Гоце Делчев“, проект ветен од СДСМ, со претходно одобрени средства, но тргнати од програмата на МОН.

Во 18:15 ќе се обрати пред присутните граѓани во населено место Василевo.

Неговата изјава можете да ја следите во живо на линкот во продолжение: