Владата на Република Северна Македонија, ја организира годишната конференција „Година на нови можности“ во хотелот „Александар Палас“, Скопје.
Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.
Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
На панел дискусиите се обраќаат освен премиерот Ковачевски, Кочо Анѓушев, Марко Беслимовски и други говорници.