Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, кој пристигна во еднодневна официјалната посета на Македонија.

Бугарската делегација пред Владата ја пречека премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од Горан Мисовски, потпретседател на Собранието на Република Македонија, Бојан Маричиќ, заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и од членови на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Министерството за надворешни работи.

Според агендата за посетата, премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе имаат тет-а-тет средба, а одделни средби ќе имаат и вицепремиерот Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.

Програмата за посетата потоа предвидува пленарен состанок на двете делегации со кој ќе претседаваат премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков после што ќе следува и нивна заедничка прес-конференција.