Нови протести за загадувањето пред министерството за животна средина. Како Владата ќе се справи со овој проблем?Разговараме со заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска.

Активистите излегоа на улица и ги повикаа граѓаните на протести поради енормното загадување на воздухот, особено во текот на зимата. Откако главниот град Скопје, но и останатите градови во внатрешноста речиси секојдевно се обвиткани во густ чад и смог, а граѓаните дишат нечист воздух и во домот и на улица, се бараат итни решенија од надлежните.

Скопје секојдневно е рекордер по загаденост.