Дефектите на водоснабидителниот систем во Делчево што настанаа по синоќешното невреме се санирани.
Градоначалникот Горан Трајковски кажа дека граѓаните можат да ја користат водата за пиење.
Во невремето поплавени беа десетици објекти, граѓаните пријавуваа поплавени подруми, унишени беа улици. И денес се работи на санирање на штетите. Во моментов советниците имаат вонредна седница во општината на која се очекува да прогласат елементарна непогода.