-Секторот за санитарна контрола во периодот 15.11.2021 до 19.11.2021 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.