Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 13 декември до 17 декември се земени 186 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“.