Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 минатиот месец зел 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Сите примероци, наведуваат, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
В
Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.