Највисоките воени претставници на прва конференција за регионална безбедност
Највисоките воени претставници од 34 земји ќе се сретнат во февруари за да разговараат за актуелните безбедносни прашања во западната хемисфера. Настанот ќе им овозможи на земјите да разменуваат информации и да координираат активности за регионална стабилност.
„Земјите од западната хемисфера делат длабоки историски врски, заеднички вредности и интерес за регионална стабилност што ја поддржува долгорочната безбедност и просперитет на Соединетите Американски Држави и нашето заедничко соседство“, се вели во соопштението на американската армија.
Домаќин на конференцијата
Началникот на Генералштабот на американската армија, Ден Кејн, ќе биде домаќин на конференцијата што е закажана за 11 февруари. Состанокот ќе овозможи директна комуникација и планирање помеѓу учесниците за зајакнување на безбедноста во регионот.
Конференцијата се смета за важна иницијатива за засилување на соработката и споделување на безбедносни практики.
