Бродовите заплениле дрога скриена во рибарски брод што пловел во водите на Блискиот Исток, соопшти меѓународната работна група, а заплената била извршена во понеделникот.

Морнарицата соопшти дека бродот, иако нема национално обележје, најверојатно дошол од Иран.

– Сите девет членови на екипажот се идентификуваа како ирански државјани, изјави командантот Тимоти Хокинс, портпарол на американската морнарица на Блискиот Исток.

Тој не откри од каде доаѓа дрогата и која е крајната дестинација.

Откако работната група започна регионални патроли на море, оваа година заплени дрога вредна повеќе од 193 милиони долари.

-Таа сума е поголема во однос на претходните четири години вкупно, се додава во соопштението.