Волфганг Мајер е новиот претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Тој на почетокот на месецот ја презема функцијата од досегашниот прв човек на компанијата, Штефан Петер, кој беше на чело на компанијата 8 години.

Петер беше и претседател на Советот за странски инвестиции во Стопанската комора на Македонија. Тој беше активен и во други значајни проекти во општеството.

Еден од проектите е дуалното образование преку проектот 20-20-20, а беше и иницијатор за отворање на Изложбениот центар „Матка“.

Новиот претседател на УО, Мајер доаѓа од позиција на менаџер за човечки ресурси во ЕВН групацијата, а на ниво на групацијата предводел значајни проекти.