Патнички воз и автомобил се судриле утрово на железничкиот премин на регионалниот пат Велес-Извор, во близина на велешката населба Превалец. Во несреќата нема повредени лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајката се случила околу 8:45 часот. Во неа учествувале патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Г.М. од Велес, и патнички воз со кој управувал 32-годишниот М.А. од Скопје.
Од СВР Велес информираат дека несреќата била пријавена во полициската станица, по што на местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.
Поради сообраќајната несреќа, од 8:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор бил во прекин.
