На 14.10.2022 околу 23.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од магистрален пат Куманово – Крива Паланка и пат кој води за с.Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ј.Б.(56) од с.Младо Нагоричане и товарно возило „ивеко“ со приколка, управувано од Ш.Ш.(62) од с.Отља, липковско, информира МВР.

Во Општа болница Куманово на Ј.Б. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Куманово.