Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил на крстосница, по што возачот избегал
Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил на крстосница, по што возачот избегал.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, кога од Ургентниот центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ било известено дека кај нив е донесена малолетничката со сериозни повреди.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на раскрсницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица кон „Народен Фронт“, каде автомобил удрил во девојчето и веднаш го напуштил местото.
Полициски екипи извршиле увид, а во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
