Едно лице загина утрово во сообраќајна несреќа меѓу патничко и товарно возило на магистралниот пат Кичево-Гостивар.
СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила утрово во 6 часот и 35 минути кај „Тајмишка раскрсница“ меѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.
– На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, стои во информацијата.
Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.