Скопје и утрово повторно е меѓу петнаесетте најзагадени градови во светот. На листата на светски најзагадени градови Скопје се наоѓа на дванаесеттото место со индекс на квалитет на воздухот од 165, а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи.

И денеска, како и во претходните денови во воздухот најприсутни се опасните честички пи ем 2,5. Високата загаденост на главниот град причина и за нови партиско-политички обвинувања. СДСМ преку соопштение ја обвинува локалната власт за несправување со загадувањето. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, ја обвини власта дека дојде на власт со ветувањата за чист воздух, а седум години потоа ништо не е променето.