Цели на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и воени објекти

Израелските воздухопловни сили извршија напади врз неколку објекти на воздушната одбрана и ракетни складишта во Техеран, соопшти денеска израелската војска.

Според соопштението, меѓу целите биле и објекти што припаѓале на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, каде што се складирани противвоздушни ракети, објави „Тајмс оф Израел“.

Покрај тоа, израелската војска тврди дека погодила и воен објект одговорен за заштита на локации за истражување и развој на оружје, како и складиште за балистички ракети и објект за производство, истражување и развој на оружје.