Осумнаесетгодишно лице е приведено – немал положено возачки испит
Осумнаесетгодишно лице е приведено откако било фатено како управува возило без положен возачки испит во Гостивар.
На 04.02.2026 во 15:20 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(18) од селото Падалиште, гостиварско.
„При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит“, информира СВР Тетово.
Постапка по насоки на обвинител
По преземените активности, случајот бил координиран со јавен обвинител. Според добиените насоки, А.М. бил лишен од слобода, додека возилото било одземено.
Врз основа на член 297-а од Кривичниот законик „безобзирно управување на моторно возило“, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
