Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
Поради магла утринава на планинскиот превој Плетвар видливоста е намалена до 50 метри, а во Крушево до 30 метри.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Апел: Да се почитува сигнализацијата
Оттаму апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.
