Српските медиуми јавуваат дека во несреќата загинаа 31 годишната К.Ј. и момче М.С. (28). Возачот на автомобилот „Голф“ кој воедно е и брат на загинатиот не е повреден.
На снимката се гледа дека возачот со голема брзина излетува од патот и удира во бандера. Од силината на ударот, К.Ј. и М.С. излетуваат од возилото на улица и на лице им подлегнуваат на повредите.
Сведоци на несреќата велат дека ударот бил страшен и дека телата на починатите летале неколку метри.
На возачот му е земена крв за анализа. Според објавените информации тој е задржан во полиција, имал 0,59 промили алкохол во крвта. Во тек се анализи кои треба да покажат дали бил под дејство и на психотропни супстанци.
View this post on Instagram