Врзано куче зад автомобил – јавноста згрозена од брутален чин
На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии на кои се гледа куче врзано и влечено зад автомобил на отворен пат. Овој чин на суровост предизвика силни реакции и осуда од јавноста.
Брза интервенција на МВР и АХВ
Според објавите на социјалните мрежи, благодарение на навремената акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето било пронајдено, одземено и згрижено. Во моментов е во стабилна состојба и закрепнува од траумата. Надлежните институции идентификувале лице осомничено за овој брутален чин и најавија преземање на соодветни правни постапки.
Повик за вдомување и грижа
Во врска со случајот се огласи и Тања Ололовска Ристевска, која потврди дека кучето е безбедно и дека од следната недела, по неговото целосно опоравување, може да започне процедурата за негово вдомување. Таа упати апел до сите заинтересирани да му обезбедат топол дом, љубов и грижа.
Извор: Плусинфо