Службеници на администрацијата на Бајден потврдија дека дошло до ваков напад, како и информацијата за 3 американски маринци кои се повредени.

Според некои се уште непотврдени извештаи, се наведува дека самиот напад поттикнал отворање оган помеѓу американската армија и напаѓачи во непосредна близина.

Бомбашкиот напад доаѓа неколку часа откако Стејт Департментот ги предупредил Американците кои се наоѓаат на портите од аеродромот веднаш да го напуштат поради дојави за терористички напад.

Пред неколку минути, на Твитер се појавија видеа за кои неофицијално се тврди дека доаѓаат по вториот бомбашки напад близу аеродромот кој се случил пред малку.

Медиуми јавуваат дека до сега загинале најмалку 13 лица, меѓу кои и деца. Голем број се повредени, а билансот на починати само ќе расте.

ВИДЕТОТО КОЕ СЛЕДУВА СОДРЖИ ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: