Фатална сообраќајна несреќа во западна Романија – Загинаа седум навивачи на ПАОК

Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Темишвар, во западниот дел на Романија. Несреќата се случила кога минибус во кој патувале навивачи на солунскиот фудбалски клуб ПАОК директно се судрил со камион.

Судир при претекнување со голема брзина

Според информациите објавени од романските медиуми, минибусот се движел со голема брзина и при обид за претекнување влегол во спротивната лента, каде што директно удрил во камион. По судирот, возилото излетало од коловозот.

Се шири снимка од вознемирувачкото видео.

Три лица повредени, 10 патници во минибусот

Во моментот на несреќата, во минибусот патувале вкупно 10 лица. Седуммина од нив го загубиле животот на самото место, додека три лица се здобиле со повреди, информираат романските медиуми, повикувајќи се на официјални извори и видеоснимки од местото на трагедијата.