Макфакс дознава дека денес на граничен премин на Македонија со Бугарија, на Милен Врабевски и европратениците Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев, лица кои подолг период шират говор на омраза кон Македонците им е врачена одлука со која се прогласени за „непожелни лица“ во Македонија.
Тројцата кои заедно со уште неколку други лица, денес на еден од граничните премини добиле писмено во кое државата Македонија ги прогласува за непожелни лица или т.н. persona non grata.
Од МВР за Макфас изјавија: „Денеска (06.05) околу 11 часот на граничниот премин Ново Село поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не е дозволен влез на петмина државјани на Република Бугарија, меѓу кои се и двете лица за кои прашувате. Македонската полиција нема да дозволи, ниту сега ниту во иднина, никој да го нарушува јавниот ред и мир и да ги навредува и омаловажува граѓаните и државата и нема да биде дозволен влез на такви лица на територија на државата.“
Ковачев пак за бугарските медиуми се пожали дека македонската гранична полиција не му дозволила влез во земјата. Причината за нивното доаѓање во Македонија, според БГНЕС, е учествуво на панихидата за починатите на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село како што прават и секоја година.