Еден од вработените во Зоолошката градина во Скопје ќе биде тестиран за птичји грип откако пројавил симптоми како висока температура и дијареа, потврди Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје. Ова следи по извршената епидемиолошка анкета од стран на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) кај 15 вработени. Дополнително, на уште три лица ќе им биде издадено решение за здравствен надзор.

Медицинско следење на симптоми на птичји грип без изолација

Според Андоновска, здравствениот надзор нема да вклучува карантин или изолација, туку ќе биде фокусирано на медицинско следење на лицата во следните две недели. Епидемиолозите ќе ги контактираат секојдневн за да ја следат нивната здравствена состојба и да проверуваат дали ќе се појават дополнителни симптоми кои можат да укажат на инфекција со птичји грип.

Здравствениот надзор не значи карантин, туку редовно следење на состојбата на тие лица за да се утврди дали ќе се појават симптоми кои би барале понатамошни испитувања,“ објасни Андоновска.

Нема опасност за посетителите на Зоолошката градина

Иако ситуацијата со птичјиот грип предизвика загриженост, Андоновска нагласи дека нема опасност за посетителите на Зоолошката градина кои немале директен контакт со заболени или угинати птици. Пренесувањето на вирусот се врши само преку близок контакт со заразено животно или негови секрети.

  • „Ризикот од пренос на птичји грип е низок ако посетителите немале директен контакт со болни или угинати животни. Пренесувањето се врши само преку близок контакт со заразено животно или материјал од животното како секрет или измет,“ објасни таа.

Затворање на Зоолошката градина поради птичји грип

Зоолошката градина во Скопје е затворена од вчера, откако по направените тестирања од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше потврдено присуството на птичји грип кај угината гуска. Како превентивна мерка, останатите птици во градината беа усмртени од страна на инспекторите на АХВ, а градината ќе остане затворена 21 ден заради дезинфекција и спречување на понатамошно ширење на вирусот.