Четириесетгодишна гостиварка вчера во 17 часот во СВР Тетово пријавила дека нецел час пред тоа на работното место во гостиварска образовна институција физички била нападната од нејзиниот 54-годишен колега Т.Е., информираат од СВР Тетово.
Неофицијално, нападот се случил во средно училиште во градот.
Случајот целосно е расчистен и против пријавениот Т.Е. ќе следува соодветен поднесок.