На 12.06.2023 во 10.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(41) од Гостивар затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на полициски службеници и лица од екипата на Итна медицинска помош Гостивар, кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.