Вработени на Клиниката за токсикологија се шокирани што економската директорка не е разрешена по низата скандали кои ја следеа изминативе недели, особено околу вработувањата и незаконското функционирање на токсиколошката лабораторија на Клиниката која во моментот работи без биолог. Денеска разрешен е медицинскиот директор Данил Петровски, кој одби да вработи непотребни кадри на Клиниката за токсикологија иако за тоа постоеше сериозен политички притисок. Тој беше обвинет за навреди по етничка основа и разрешен.
Извор: Слободен Печат