Во Албанија има нови мерки за јавната, државната администрација, маркетите и трговските центри.
Тие се на сила од денеска.
Вработените треба да достават сертификат за примени две дози вакцина за да може да одат на работа. Ако немаат сертификат, оние кои не сакаат да се вакцинираат ќе мора да прават ПЦР тест на секои пет дена.
Претходно премиерот Еди Рама ги предупреди дека сите оние кои нема да ја почитуваат оваа одлука ќе останат без работа.
Во Албанија и понатаму трае полицискиот час и тоа од 23 до 6 часот. Во сите земји во регионот скокна бројот на заразени со коронавирусот.