Новиот генерален директор на австрискиот јавен сервис ОРФ Роланд Вајсмен во интерна порака до сите вработени информираше дека сите кои не се вакцинирани против коронавирус ќе останат без плата, а можеби и без работно место.

Тој стравува дека ќе има голем број заразени меѓу вработените, поради што побара и намалување на контактите и работа од далечина кога е тоа можно. Воедно тој ги повика сите вработени да се вакцинираат, согласно новата политика во земјата каде вакцинацијата ќе биде задолжителна.

Оние кои нема да бидат вакцинирани, а не прележале Ковид-19, како и ако немаат валиден негативен тест до дополнително известување, заради безбедноста на другите, ќе мора да останат дома.

Но, тој посочува дека оние кои не биле вакцинирани нема да земаат плата од 15 февруари.

Невакцинираните ќе земаат дополнителна плата само доколку спаѓаат во исклучоците согласно Законот за задолжителна вакцинација, што значи дека мора да имаат лекарска потврда дека не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Кој нема таков сертификат, а не сака да се вакцинира, можно е да добие отказ.