Синдикатот на вработените во Министерството за финансии изрзуваат големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на платите.

-Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството за 30%. Министерот за финансии тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор – Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените. Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството, се вели во соопштението.

Посочуваат дека одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во Министерството.

-Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, ние како вработени ќе пристапиме кон масовни штрајкови, најавуваат од Синдикатот.