Словенечките синдикати на вработените во јавниот сектор се заканија со штрајк доколку Владата не одговори на нивните барања до следната недела за зголемување на платите.
Претставниците на Синдиактот, Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек во преговорите со Владата, синоќа изјавија дека се уште не добиле одговори на предлозите, а тоа очекуваат да го сторат најдоцна до вторник.
Тие истакнаа дека ако најдоцна до 15 февруари не добијат одговор ќе стапат во штрајк.