Министерството за здравство изнесе факти за постапката за вработувања во тетовската болница и ги отфрли сензационалистичките тврдења
Министерството за здравство реагираше во врска со вработувањата во тетовската болница. Нагласијадека во јавноста се шират соопштенија кои, според институцијата, се непристојни и штетни за целокупната јавност. Од МЗ посочуваат дека информациите се поврзани со вработувањето на кадарот во болницата. И дека е потребно да се изнесат точните факти.
Во реакцијата се наведува дека, пред сè, сите лица имаат валидни договори за вработување на определено време до 31 декември 2025 година. Дополнително, обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничката болница во Тетово. Како доказ, приложен е примерок од документот кој, според МЗ, ја разобличува невистината дека Министерството „доби негативен одговор од Фондот за здравствено осигурување“.
Од Министерството додаваат дека огласите за вработувањата во тетовската болница се објавени и дека тестирањата на кандидатите се спроведени на 7 август 2025 година. Ова, велат од институцијата, не е во согласност со сензационалистичкото тврдење дека тестирањата се одржале „пред десет дена“.
МЗ објаснува дека постапката за вработувањата е привремено ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори. По нивното завршување, процедурата ќе биде финализирана и сите кандидати ќе добијат решение за вработување.
„Напоменуваме дека ова се фактите. Со паушалните соопштенија и со користење на лажни информации се нанесува штета на Министерството за здравство како институција. За жал, неосновано се предизвикува паника и вознемиреност кај вработените во Клиничката болница во Тетово. Кои деноноќно се грижат за здравјето на нашите сограѓани“, се наведува во реакцијата на Министерството за здравство.