Вработување на 400 пожарникари е отворен – потребна е само медицинска потврда

Граѓаните имаат рок до четврток да се пријават за владиниот повик за вработување на 400 пожарникари, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Станува збор за мерка на Владата за јакнење на капацитетите за справување со шумски пожари.

– Ги повикувам сите заинтересирани најдоцна до четврток да се пријават во Центарот за вработување во својот град. Единствено што треба да носат е медицинска потврда од надлежен доктор, со која се потврдува дека не боледуваат од тешки заболувања – изјави Ангелов.

Покрај потврдата, не се потребни други документи. Избраните кандидати ќе бидат распоредени во локалните територијални противпожарни единици во 14 општини низ државата.

Ги повикувам сите заинтересирани најдоцна до четврток да се пријават во Центарот за вработување во својот град. Единствено што треба да носат е медицинска потврда од надлежен доктор, со која се потврдува дека не боледуваат од тешки заболувања – изјави Ангелов.

Не се потребни други документи. Кандидатите кои ќе бидат избрани, ќе бидат распределени во локалните територијални противпожарни единици низ целата земја.

Формирање на специјална единица за заштита и спасување 

Ангелов нагласи дека особено внимание ќе се посвети на пријавените од Скопје и околината, каде што ќе се формира и нова елитна специјална единица за заштита и спасување.

– Ќе ги избереме најдобрите, а дел од нив ќе добијат шанса да бидат дел од новата специјална противпожарна единица – истакна тој.

Очекувано, најмногу пожарникари – 80 – ќе бидат ангажирани во Скопје, каде што Центарот за вработување се наоѓа во Општина Кисела Вода. Мерката ги опфаќа вкупно 14 општини, а само една досега не аплицирала.

Иако интересот е голем, имало одредени нејаснотии каде точно се аплицира. Затоа, Ангелов упати јасен повик: сите кои сакаат да се приклучат на вработување на 400 пожарникари, нека се јават во Центарот за вработување во својот град или соседна општина.